церемонија
Значење на церемонија:
1. Однапред пропишани или традиционално утврдени правила на однесување и ред на постапки при некоја свеченост. Свадбена церемонија. Црковна церемонија.
2. (разг., обично во мн.) Претерана учтивост во држење, обраќање, однесување и сл. Не сакаше ни церемонии ни љубезности.
Множина: церемонии.
Фразеолошки израз / поговорка:
Без церемонии ‒ директно, отворено.
Оригинални податоци:
церемонија, мн. церемонии ж. 1. Однапред пропишани или традиционално утврдени правила на однесување и ред на постапки при некоја свеченост. Свадбена церемонија. Црковна церемонија. 2. (разг., обично во мн.) Претерана учтивост во држење, обраќање, однесување и сл. Не сакаше ни церемонии ни љубезности. ◊ Без церемонии ‒ директно, отворено.