цевка
Значење на цевка:
1. Шуплива направа во вид на валјак од различен материјал и со различна големина, служи за спроведување на нешто. Одводна цевка. Водоводна цевка. Пластични цевки.
2. Дрвен калем за мотање преѓа при ткаење. Во ковчежето имаше цевка.
3. Дел од огнено оружје со таков облик. Цевка од пушка. Топовски цевки.
Множина: цевки.
Изведени зборови:
- цевкичка, и. ж. мн. цевкички , цевче, мн. цевчиња ср. дем.
- цевкиште, и. ср. аугм.
Оригинални податоци:
цевка, мн. цевки ж. 1. Шуплива направа во вид на валјак од различен материјал и со различна големина, служи за спроведување на нешто. Одводна цевка. Водоводна цевка. Пластични цевки. 2. Дрвен калем за мотање преѓа при ткаење. Во ковчежето имаше цевка. 3. Дел од огнено оружје со таков облик. Цевка од пушка. Топовски цевки. ‖ цевкичка, мн. цевкички ж., цевче, мн. цевчиња ср. дем. ‖ цевкиште, мн. цевкишта ср. аугм.