чади

Глагол, несвршен

Значење на чади:

1. Испушта чад. Оџаците на куќите деноноќно чадеа. Во пепелникот чадеше запалена цигара.

2. Иполнува со чад. Старото ќумбе ја чадеше целата соба.

3. а) Изложува на чад. Свештеникот ја чадеше црквата со темјан. б) Изложува на чад како начин на подготовка на храна. Тој секоја година чади месо.

Коњугација: чадат.

Изведени зборови:

  • се ~ чади, 1. Се исполнува со чад. Целата куќа се чадеше од неисчистениот оџак затнат од саѓи. 2. а) Стои на чад при подготовка на храна. Месото полека се чадеше. б) Се изложува, стои на чад, се валка со чад. Цел се чади на огинот готвејќи за мајсторите.
  • чадење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Главата му чади ‒ има премногу работа.

Оригинални податоци:

чади, чадат несв. 1. Испушта чад. Оџаците на куќите деноноќно чадеа. Во пепелникот чадеше запалена цигара. 2. Иполнува со чад. Старото ќумбе ја чадеше целата соба. 3. а) Изложува на чад. Свештеникот ја чадеше црквата со темјан. б) Изложува на чад како начин на подготовка на храна. Тој секоја година чади месо. ● се ~ 1. Се исполнува со чад. Целата куќа се чадеше од неисчистениот оџак затнат од саѓи. 2. а) Стои на чад при подготовка на храна. Месото полека се чадеше. б) Се изложува, стои на чад, се валка со чад. Цел се чади на огинот готвејќи за мајсторите. ◊ Главата му чади ‒ има премногу работа. ‖ глаг. им. чадење ср.