чадлив

Придавка

Значење на чадлив:

1. Што пушта многу чад. Чадливо огниште. Чадливи дрва. Чадлива ламба. Чадливи факели.

2. Што е полн со чад, зачаден. Чадливи визби. Чадлива соба.

3. Што е опфатен од чад. Чадливи греди.

Членувана форма: чадливиот.

Изведени зборови:

  • чадливо, прил. Чадливо испарува топлиот леб.

Оригинални податоци:

чадлив, чадливиот прид. 1. Што пушта многу чад. Чадливо огниште. Чадливи дрва. Чадлива ламба. Чадливи факели. 2. Што е полн со чад, зачаден. Чадливи визби. Чадлива соба. 3. Што е опфатен од чад. Чадливи греди. ‖ чадливо прил. Чадливо испарува топлиот леб.