чадор
Значење на чадор:
1. Прирачна направа од жици и платно што штити од дожд или од сонце. Машки чадор. Женски чадор. Чадор за сонце.
2. (арх.) Шатор. Во ливади два бели чадора.
3. Систем за заштита што покрива определена територија. Нуклеарен чадор.
Множина: чадори.
Изведени зборови:
- чадорче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
чадор, мн. чадори м. 1. Прирачна направа од жици и платно што штити од дожд или од сонце. Машки чадор. Женски чадор. Чадор за сонце. 2. (арх.) Шатор. Во ливади два бели чадора. 3. Систем за заштита што покрива определена територија. Нуклеарен чадор. ‖ чадорче, мн. чадорчиња ср. дем.