чакал 2

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на чакал:

1. Ситен кршен камен. Го зеле ангарија да крши чакал по џадињата.

2. Крупен речен песок измешан со камчиња. Плажа со песок и чакал. Патека од чакал. Копитата на коњите го копаат чакалот.

Оригинални податоци:

чакал2 (само едн.) м. 1. Ситен кршен камен. Го зеле ангарија да крши чакал по џадињата. 2. Крупен речен песок измешан со камчиња. Плажа со песок и чакал. Патека од чакал. Копитата на коњите го копаат чакалот.