чанта

Именка, женски род

Значење на чанта:

1. Торба од кожа, од ткаенина и др. со различна форма и големина. Дамска чанта. По џадето се враќаа службеници со чанти в раце. Ученичка чанта.

2. Погрден назив за жена. Чанто една.

Множина: чанти.

Изведени зборови:

  • чанте, и. ж. мн. чантиња; чантиче, мн. чантичиња; чантичка, мн. чантички дем.
  • чантиште, и. ср. аугм.

Оригинални податоци:

чанта, мн. чанти ж. 1. Торба од кожа, од ткаенина и др. со различна форма и големина. Дамска чанта. По џадето се враќаа службеници со чанти в раце. Ученичка чанта. 2. Погрден назив за жена. Чанто една. ‖ чанте, мн. чантиња; чантиче, мн. чантичиња; чантичка, мн. чантички ж. дем. ‖ чантиште, мн. чантишта ср. аугм.