чардак

Именка, машки род

Значење на чардак:

Трем на кат пред собите, покриен балкон. Летно време спиеја на чардакот. На чардакот отворен од три страни седеа гостите и мезеа.

Множина: чардаци.

Изведени зборови:

  • чардаче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чардак ни на небо ни земја ‒ 1. градежен објект изграден без некој план. 2. нешто без добра основа, несигурна работа, зделка.

Оригинални податоци:

чардак, мн. чардаци м. Трем на кат пред собите, покриен балкон. Летно време спиеја на чардакот. На чардакот отворен од три страни седеа гостите и мезеа. ◊ Чардак ни на небо ни земја ‒ 1. градежен објект изграден без некој план. 2. нешто без добра основа, несигурна работа, зделка. ‖ чардаче, мн. чардачиња ср. дем.