чаре

Именка, среден род

Разговорен збор, израз.

Значење на чаре:

Спас, излез од некоја ситуација, помош. Треба да се бара чаре, друго нема. Чарето е најдено, ќе ја мажи ќерката во чорбаџиска куќа.

Множина: чариња.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема (друго) чаре ‒ нема друг излез, друго решение, така мора да биде. Си го бара чарето ‒ си го бара решението, спасот од некоја ситуација.

Оригинални податоци:

чаре, мн. чариња ср. (разг.) Спас, излез од некоја ситуација, помош. Треба да се бара чаре, друго нема. Чарето е најдено, ќе ја мажи ќерката во чорбаџиска куќа. ◊ Нема (друго) чаре ‒ нема друг излез, друго решение, така мора да биде. Си го бара чарето ‒ си го бара решението, спасот од некоја ситуација.