чаршија

Именка, женски род

Значење на чаршија:

1. Дел од градот во кој се сместени трговски, занаетчиски и услужни објекти и дуќани. Чаршијата беше преполна народ, беше пазарен ден. Имаше дуќан на најубаво место во чаршијата.

2. Деловниот свет, чаршиските луѓе што работат во такво место и учествуваат во оформувањето на јавното мислење со ставови и обрасци различни од официјалното мислење. Чаршијата е секогаш будна, сè минува низ нејзините очи и уши.

3. (прен., пејор.) Чаршиската средина на озборување, ширење гласови, муабети. Чаршијата секогаш преде свои приказни и озборувања.

Множина: чаршии.

Оригинални податоци:

чаршија, мн. чаршии ж. 1. Дел од градот во кој се сместени трговски, занаетчиски и услужни објекти и дуќани. Чаршијата беше преполна народ, беше пазарен ден. Имаше дуќан на најубаво место во чаршијата. 2. Деловниот свет, чаршиските луѓе што работат во такво место и учествуваат во оформувањето на јавното мислење со ставови и обрасци различни од официјалното мислење. Чаршијата е секогаш будна, сè минува низ нејзините очи и уши. 3. (прен., пејор.) Чаршиската средина на озборување, ширење гласови, муабети. Чаршијата секогаш преде свои приказни и озборувања.