час
Значење на час:
1. Мерка за време, единица што се дели на 60 минути. Дојдовме пред половина час. Состанокот траеше три часа. По седум часа работа завршивме со ѕидањето.
2. (само едн.) Определен момент од деноноќието. Состанокот е закажан за еден часот. Возот тргнува во десет часот навечер. Филмот почнува во осум часот.
3. Како мерка за пат, за растојание. До таму има два часа пат добро одење. До таму има четири часа пат по козји патеки.
4. а) Временска единица во наставата. Часот трае 45 минути. Часовите беа скратени. б) Предавање што се одржува во тоа време. Час по физика. Денес имаме дупли часови по математика. Дополнителни часови. Го избркаа од час поради недисциплина. Дава часови по англиски јазик. Оди на часови по гитара.
5. Неопределено краток временски отсечок, момент. За час ќе дојдам. Во тој час се слушнал истрел. Од тој час па натаму, тој престанал да краде.
Множина: часа, часови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Секој час ‒ 1. везден, постојано. 2. во секој момент. Смртен (претсмртен, суден) час ‒ времето на (пред) смртта. Во добар час ‒ во среќен, поволен момент. Час поскоро ‒ што поскоро, веднаш. Му дојде часот ‒ му дојде времето (за умирање). Во пет до дванаесет часот ‒ во последен момент. Удри дванаесеттиот час ‒ настапи последниот (и решавачки час). Полициски час ‒ време во кое забрането секакво движење, обично во воени или други посебни околности. Од час во час ‒ постепено. Од час на час ‒ одвреме-навреме.
Оригинални податоци:
час, мн. часови, избр. мн. часа м. 1. Мерка за време, единица што се дели на 60 минути. Дојдовме пред половина час. Состанокот траеше три часа. По седум часа работа завршивме со ѕидањето. 2. (само едн.) Определен момент од деноноќието. Состанокот е закажан за еден часот. Возот тргнува во десет часот навечер. Филмот почнува во осум часот. 3. Како мерка за пат, за растојание. До таму има два часа пат добро одење. До таму има четири часа пат по козји патеки. 4. а) Временска единица во наставата. Часот трае 45 минути. Часовите беа скратени. б) Предавање што се одржува во тоа време. Час по физика. Денес имаме дупли часови по математика. Дополнителни часови. Го избркаа од час поради недисциплина. Дава часови по англиски јазик. Оди на часови по гитара. 5. Неопределено краток временски отсечок, момент. За час ќе дојдам. Во тој час се слушнал истрел. Од тој час па натаму, тој престанал да краде. ◊ Секој час ‒ 1. везден, постојано. 2. во секој момент. Смртен (претсмртен, суден) час ‒ времето на (пред) смртта. Во добар час ‒ во среќен, поволен момент. Час поскоро ‒ што поскоро, веднаш. Му дојде часот ‒ му дојде времето (за умирање). Во пет до дванаесет часот ‒ во последен момент. Удри дванаесеттиот час ‒ настапи последниот (и решавачки час). Полициски час ‒ време во кое забрането секакво движење, обично во воени или други посебни околности. Од час во час ‒ постепено. Од час на час ‒ одвреме-навреме.