чаша
Значење на чаша:
1. Сад за пиење течност, најчесто од стакло, пластика и др. Винска чаша. Ракиена чаша. Чаша за чај.
2. Количество материја што може да го собере во таков сад, најчесто течност но, и брашно, шеќер и др. Во погачата се става две чаши пченкарно брашно и две чаши пченично брашно. Испивме по една чаша вино. Дај ми една чаша вода.
Множина: чаши.
Изведени зборови:
- чаше, и. ж. мн. чашиња, чашенце, мн. чашенца, чашиче, мн. чашичиња, чашуле, мн. чашулиња ср.; чашичка, мн. чашички дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дига/дигне чаша ‒ наздрави. Ќе го удави во чаша (капка, леген) вода ‒ не го поднесува, го мрази. Во чаша да го испиеш ‒ се вели за убава жена, маж, дете. Чашата на трпението (се) прелеа ‒ некои работи достигнале кулминација, точка од која веќе не може да се толерира нешто. Испи горчлива чаша ‒ доживеа некоја голема непријатност, тага, лоша среќа.
Оригинални податоци:
чаша, мн. чаши ж. 1. Сад за пиење течност, најчесто од стакло, пластика и др. Винска чаша. Ракиена чаша. Чаша за чај. 2. Количество материја што може да го собере во таков сад, најчесто течност но, и брашно, шеќер и др. Во погачата се става две чаши пченкарно брашно и две чаши пченично брашно. Испивме по една чаша вино. Дај ми една чаша вода. ◊ Дига/дигне чаша ‒ наздрави. Ќе го удави во чаша (капка, леген) вода ‒ не го поднесува, го мрази. Во чаша да го испиеш ‒ се вели за убава жена, маж, дете. Чашата на трпението (се) прелеа ‒ некои работи достигнале кулминација, точка од која веќе не може да се толерира нешто. Испи горчлива чаша ‒ доживеа некоја голема непријатност, тага, лоша среќа. ‖ чаше, мн. чашиња, чашенце, мн. чашенца, чашиче, мн. чашичиња, чашуле, мн. чашулиња ср.; чашичка, мн. чашички ж. дем.