чашка
Значење на чашка:
1. Дем. од чаша. Чашка ракија.
2. (бот.) Надворешна обвивка на цвет.
3. (анат.) Подвижна тркалеста коска на зглоб.
4. Порцелански изолатор на електричен уред преку кој се води жица на електричен или телефонски столб и др.
Множина: чашки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Браќа по чашката ‒ пијаници. Чашка муабет ‒ разговор покрај чашка, обично на коктели, седенки и сл.
Оригинални податоци:
чашка, мн. чашки ж. 1. Дем. од чаша. Чашка ракија. 2. (бот.) Надворешна обвивка на цвет. 3. (анат.) Подвижна тркалеста коска на зглоб. 4. Порцелански изолатор на електричен уред преку кој се води жица на електричен или телефонски столб и др. ◊ Браќа по чашката ‒ пијаници. Чашка муабет ‒ разговор покрај чашка, обично на коктели, седенки и сл.