чатал
Значење на чатал:
1. Раздел на дрво, гранка во форма на вила. Носеа стапови со чатал на крајот.
2. Пресечено такво дрво за разни намени. Над огнот на два чатала беше обесено котле.
3. Направа за гаѓање од чаталесто дрво со жила што се растегнува и при отпуштањето го исфрла каменот; жила2. Децата гаѓаа птици со чатал.
Множина: чатали.
Изведени зборови:
- чаталче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
чатал, мн. чатали м. 1. Раздел на дрво, гранка во форма на вила. Носеа стапови со чатал на крајот. 2. Пресечено такво дрво за разни намени. Над огнот на два чатала беше обесено котле. 3. Направа за гаѓање од чаталесто дрво со жила што се растегнува и при отпуштањето го исфрла каменот; сп. жила2. Децата гаѓаа птици со чатал. ‖ чаталче, мн. чаталчиња ср. дем.