чавка

Именка, женски род

Зоологија.

Значење на чавка:

Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки.

Множина: чавки.

Изведени зборови:

  • чавче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чавка умот (не) му го испила ‒ не е при здрава памет, не расудува паметно. Уште му лета умот по чавките ‒ уште е млад и незрел. Зјапа по чавките ‒ безделничи. Чавка на чавка не ѝ ги вади очите (посл.) ‒ тие што се од ист табор еден на друг не си штетат.

Оригинални податоци:

чавка, мн. чавки ж. (зоол.) Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки. ◊ Чавка умот (не) му го испила ‒ не е при здрава памет, не расудува паметно. Уште му лета умот по чавките ‒ уште е млад и незрел. Зјапа по чавките ‒ безделничи. Чавка на чавка не ѝ ги вади очите (посл.) ‒ тие што се од ист табор еден на друг не си штетат. ‖ чавче, мн. чавчиња ср. дем.