чека
Значење на чека:
1. Се наоѓа, е некаде во очекување на однапред најавен настан. Јас ја чекав ќерка ми на аеродром. Таа го чека пријателот пред кино „Вардар“. Го чекавме возот за Белград. Пациентите во чекалната чекаа за преглед. Тој чекаше нова работа. Чекав некое време, видов не видов, си заминав.
2. Очекува да настапи некоја сакана или несакана појава. Минувачите чекаа да стивне невремето, да преврне.
3. (само 3л.) Се наоѓа пред нешто што треба да настапи. Во следниот период нас нè чека многу работа. Луѓето од поплавените краишта чекаа хуманитарна помош од светот.
4. чекај! а) Како обраќање за прекинување на соговорникот. Чекај да се доискажам. Чекајте, да чуеме (да видиме) што бара. б) Како чест. за изразување предупредување, несогласување, закана и сл. Чекај, назад ти е маката. Чекај, и тебе нема да ти биде лесно. Чекај, јас така не мислам. Чекај, тоа не може. Чекај, ако ти станам! Чекај, ќе те научам на памет!
Коњугација: чекаат.
Изведени зборови:
- се ~ чека, Заемно за лица, еден со друг, кон зн. 1. Тие се чекаа пред Градскиот трговски центар.
- чекање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си го чека црниот ангел ‒ 1. си ја чека смртта; 2. го чека најлошото. Чека од Бога росица (алвица) ‒ в. росица. Од врба чека маслинки ‒ чека нешто невозможно. Времето не чека ‒ треба брзо да се работи оти времето брзо ќе помине. Кој чека, ќе дочека ‒ стрпливоста се исплаќа. Чека локумче (лимонче) ‒ чека нешто само да се реши, чека на готово. Чека месен обесен ‒ чека на готово.
Оригинални податоци:
чека, чекаат несв. 1. Се наоѓа, е некаде во очекување на однапред најавен настан. Јас ја чекав ќерка ми на аеродром. Таа го чека пријателот пред кино „Вардар“. Го чекавме возот за Белград. Пациентите во чекалната чекаа за преглед. Тој чекаше нова работа. Чекав некое време, видов не видов, си заминав. 2. Очекува да настапи некоја сакана или несакана појава. Минувачите чекаа да стивне невремето, да преврне. 3. (само 3л.) Се наоѓа пред нешто што треба да настапи. Во следниот период нас нè чека многу работа. Луѓето од поплавените краишта чекаа хуманитарна помош од светот. 4. чекај! а) Како обраќање за прекинување на соговорникот. Чекај да се доискажам. Чекајте, да чуеме (да видиме) што бара. б) Како чест. за изразување предупредување, несогласување, закана и сл. Чекај, назад ти е маката. Чекај, и тебе нема да ти биде лесно. Чекај, јас така не мислам. Чекај, тоа не може. Чекај, ако ти станам! Чекај, ќе те научам на памет! ● се ~ Заемно за лица, еден со друг, кон зн. 1. Тие се чекаа пред Градскиот трговски центар. ◊ Си го чека црниот ангел ‒ 1. си ја чека смртта; 2. го чека најлошото. Чека од Бога росица (алвица) ‒ в. росица. Од врба чека маслинки ‒ чека нешто невозможно. Времето не чека ‒ треба брзо да се работи оти времето брзо ќе помине. Кој чека, ќе дочека ‒ стрпливоста се исплаќа. Чека локумче (лимонче) ‒ чека нешто само да се реши, чека на готово. Чека месен обесен ‒ чека на готово. ‖ глаг. им. чекање ср.