чекан
Значење на чекан:
Рачен алат за набивање или ковење. Дрвен чекан. Чеканите од тенеќеџилниците чукаат во еден ритам. Ковачки чекан.Множина: чекани.
Изведени зборови:
- чеканиште, и. ср. аугм.
- чеканче, и. ср. 1. дем. од чекан. 2. (анат.) Едно од слушните ковчиња во увото. Чеканчето со својата дршка е прикрепено за ушното тапанче.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пневматски чекан ‒ електричен алат за тешки рушења и пробивања. Се најде меѓу чеканот и наковалната ‒ се најде во голема опасност, меѓу две зла. Што чекаш, чекан се сторил?! ‒ клетва.
Оригинални податоци:
чекан, мн. чекани м. Рачен алат за набивање или ковење. Дрвен чекан. Чеканите од тенеќеџилниците чукаат во еден ритам. Ковачки чекан. ◊ Пневматски чекан ‒ електричен алат за тешки рушења и пробивања. Се најде меѓу чеканот и наковалната ‒ се најде во голема опасност, меѓу две зла. Што чекаш, чекан се сторил?! ‒ клетва. ‖ чеканче, мн. чеканчиња ср. 1. дем. од чекан. 2. (анат.) Едно од слушните ковчиња во увото. Чеканчето со својата дршка е прикрепено за ушното тапанче. ‖ чеканиште, мн. чеканишта ср. аугм.