чекор

Именка, машки род

Значење на чекор:

1. Наизменично движење на едната и другата нога при одење. Грациозни чекори. Бавни чекори. Брзи чекори. Направи два чекора.

2. Растојанието меѓу стапалата при тоа движење. Таа е на два чекора пред мене. На неколку чекори од нас. Се оддалечи на дваесетина чекори од него.

3. Звук што при тоа се слуша. Под прозорецот се слушаа чекорите на минувачите.

4. Карактеристични и определени движења при танц, балет и сл. Не ги знаеше чекорите на новата игра. Денес ќе ги учат чекорите на тангото.

5. (прен.) Дејство, постапка, чин. Дипломатски чекори. Решителен чекор. Епохален чекор.

Множина: чекора, чекори.

Изведени зборови:

  • чекорче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Оди во чекор со времето (со модата) ‒ ја следи модата. Чекор по чекор ‒ малку по малку. Губи чекор со времето ‒ доцни. Еден чекор е пред некого ‒ го испреварува некого во решенијата, идеите, реализациите и сл. Фати чекор со некого ‒ достигне некого во одење или во некое друго дејство, активност и др. На секој чекор ‒ насекаде го има, се среќава, многу е чест. Први чекори во (кон) нешто ‒ почеток на некаква работа, дејство, активност.

Оригинални податоци:

чекор, мн. чекори, избр. мн. чекора м. 1. Наизменично движење на едната и другата нога при одење. Грациозни чекори. Бавни чекори. Брзи чекори. Направи два чекора. 2. Растојанието меѓу стапалата при тоа движење. Таа е на два чекора пред мене. На неколку чекори од нас. Се оддалечи на дваесетина чекори од него. 3. Звук што при тоа се слуша. Под прозорецот се слушаа чекорите на минувачите. 4. Карактеристични и определени движења при танц, балет и сл. Не ги знаеше чекорите на новата игра. Денес ќе ги учат чекорите на тангото. 5. (прен.) Дејство, постапка, чин. Дипломатски чекори. Решителен чекор. Епохален чекор. ◊ Оди во чекор со времето (со модата) ‒ ја следи модата. Чекор по чекор ‒ малку по малку. Губи чекор со времето ‒ доцни. Еден чекор е пред некого ‒ го испреварува некого во решенијата, идеите, реализациите и сл. Фати чекор со некого ‒ достигне некого во одење или во некое друго дејство, активност и др. На секој чекор ‒ насекаде го има, се среќава, многу е чест. Први чекори во (кон) нешто ‒ почеток на некаква работа, дејство, активност. ‖ чекорче, мн. чекорчиња ср. дем.