чекори

Глагол, несвршен

Значење на чекори:

1. Прави чекори, се движи чекор по чекор, е во од. Брзо чекори по патот. По улиците чекореа ретките минувачи. Чекорев горе-долу по патеката. Бригадата бавно чекореше кон стражарницата.

2. Поминува со чекор преку нешто; пречекорува. Војниците ги чекореа застреланите трупови. Паднатиот сите го чекореа. Сите внимателно ја чекореа браздата.

Коњугација: чекорат.

Изведени зборови:

  • се ~ чекори, Претерано шири нозе при одење. Таа се чекореше бесрамно.
  • чекорење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

чекори, чекорат несв. 1. Прави чекори, се движи чекор по чекор, е во од. Брзо чекори по патот. По улиците чекореа ретките минувачи. Чекорев горе-долу по патеката. Бригадата бавно чекореше кон стражарницата. 2. Поминува со чекор преку нешто; пречекорува. Војниците ги чекореа застреланите трупови. Паднатиот сите го чекореа. Сите внимателно ја чекореа браздата. ● се ~ Претерано шири нозе при одење. Таа се чекореше бесрамно. ‖ глаг. им. чекорење ср.