челад
Само во еднина.
Значење на челад:
1. Децата во едно семејство. Имаше само машка челад. Женска челад. Се стори мајка, со своја челад.
2. Воопшто домашните во однос на главата на семејството. Седна да вечера со сета своја челад.
Членувана форма: челадта.
Фразеолошки израз / поговорка:
Да исчекате за челад ‒ благослов.
Оригинални податоци:
челад, челадта (само едн.) ж. 1. Децата во едно семејство. Имаше само машка челад. Женска челад. Се стори мајка, со своја челад. 2. Воопшто домашните во однос на главата на семејството. Седна да вечера со сета своја челад. ◊ Да исчекате за челад ‒ благослов.