челик 1
Само во еднина.
Значење на челик:
1. Многу тврдо железо, добиено со посебен начин на обработка на железото. Фабрика за челик. Кален челик. Челик со висок квалитет.
2. Оружје или дел од оружје направено од челик. Сечилото на челикот светна на сонцето. Тапо екнаа ударите на остриот челик.
Оригинални податоци:
челик1 (само едн.) м. 1. Многу тврдо железо, добиено со посебен начин на обработка на железото. Фабрика за челик. Кален челик. Челик со висок квалитет. 2. Оружје или дел од оружје направено од челик. Сечилото на челикот светна на сонцето. Тапо екнаа ударите на остриот челик.