челник

Именка, машки род

Значење на челник:

1. Тој што е на чело на некаква организација, движење, орган на власта итн.; водач, предводник. Челници на партијата. Челник на организацијата. Го фатиле челникот на задругата. Средба на челниците на општините.

2. (пејор.) Прв човек, водач на некаква група што се занимава со недозволена, противзаконска дејност. Тој станал челник на една банда.

Множина: челници.

Оригинални податоци:

челник, мн. челници м. 1. Тој што е на чело на некаква организација, движење, орган на власта итн.; водач, предводник. Челници на партијата. Челник на организацијата. Го фатиле челникот на задругата. Средба на челниците на општините. 2. (пејор.) Прв човек, водач на некаква група што се занимава со недозволена, противзаконска дејност. Тој станал челник на една банда.