чело 1
Значење на чело:
1. Дел од лицето на главата на горниот дел меѓу очите и косата. Збрчкано чело. Ведро чело. Таткото го бакна синот в чело. Пушката ја впери во челото на војнкиот.
2. Горниот дел од главата на животно над очите. Црн коњ со белег на челото.
3. (прен.) Најистакнат, преден дел на нешто. На чело на софрата седеше најстариот член од семејството. Челото на колоната застана.
Множина: чела.
Изведени зборови:
- челце, и. ср. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Е на чело на (нешто) ‒ води, предводува, раководи. Со ведро чело ‒ многу ведар. Со ѕвезда е на чело ‒ сп. ѕвезда. Го здипли челото ‒ се намурти. Стави си го прстот на чело ‒ помисли малку. Со крстот на чело ‒ многу чесен. Куршум в чело ‒ смртна казна.
Оригинални податоци:
чело1, мн. чела ср. 1. Дел од лицето на главата на горниот дел меѓу очите и косата. Збрчкано чело. Ведро чело. Таткото го бакна синот в чело. Пушката ја впери во челото на војнкиот. 2. Горниот дел од главата на животно над очите. Црн коњ со белег на челото. 3. (прен.) Најистакнат, преден дел на нешто. На чело на софрата седеше најстариот член од семејството. Челото на колоната застана. ◊ Е на чело на (нешто) ‒ води, предводува, раководи. Со ведро чело ‒ многу ведар. Со ѕвезда е на чело ‒ сп. ѕвезда. Го здипли челото ‒ се намурти. Стави си го прстот на чело ‒ помисли малку. Со крстот на чело ‒ многу чесен. Куршум в чело ‒ смртна казна. ‖ челце, мн. челца ср. дем. и хип.