чемрее

Глагол, несвршен

Значење на чемрее:

Тагува, копнее, страда, венее по / за нешто. Таа чемрееше по мажот во туѓина. Тој чемрееше по својата земја. Невестата чемрееше за сопствена рожба.

Коњугација: чемреав , чемреаја , чемреал , чемреан, чемреат , чемреев , чемрееја , чемреејќи , чемреел , чемреен , чемреј , чемрејте .

Изведени зборови:

  • чемреење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

чемрее, чемреат; чемреј, чемрејте; чемреев, чемрееја; чемреел; чемреен; чемреејќи; чемреав, чемреаја; чемреал; чемреан несв. Тагува, копнее, страда, венее по / за нешто. Таа чемрееше по мажот во туѓина. Тој чемрееше по својата земја. Невестата чемрееше за сопствена рожба. ‖ глаг. им. чемреење ср.