чепати
Значење на чепати:
За уста, нозе и др. ‒ шири, широко отвора. Му ја чепатеа устата на ждребето да му наместат узда. Кучињата се касаа, ги чепатеа муцките.Коњугација: чепатат.
Изведени зборови:
- се ~ чепати, 1. За уста, нозе и др. претерано се шири, се отвора. 2. (прен.) а) Се напрега да направи нешто повеќе од можностите. Мавта, се чепати на покривот да се задржи, да не падне. б) Се прави важен повеќе одошто е. Се чепатат цел ден по чаршијата. Таа се чепатеше зборувајќи божем француски.
- чепатење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
чепати, чепатат несв. За уста, нозе и др. ‒ шири, широко отвора. Му ја чепатеа устата на ждребето да му наместат узда. Кучињата се касаа, ги чепатеа муцките. ● се ~ 1. За уста, нозе и др. претерано се шири, се отвора. 2. (прен.) а) Се напрега да направи нешто повеќе од можностите. Мавта, се чепати на покривот да се задржи, да не падне. б) Се прави важен повеќе одошто е. Се чепатат цел ден по чаршијата. Таа се чепатеше зборувајќи божем француски. ‖ глаг. им. чепатење ср.