чепи
Значење на чепи:
1. Развлекува, шири. Се смее сосила, ја чепи устата. Ја чепи устата, како да се проѕева.
2. Крши нешто со ширење, развлекување. Пресечи го гранчето, не го чепи.
Коњугација: чепат.
Изведени зборови:
- се ~ чепи, 1. Се двои, се крши со ширење. Тенки се гранките, не држат, се чепат. 2. (прен.) Се извлекува од негде, крадешкум се движи. Нога за нога се чепам од дворот.
- чепење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
чепи, чепат несв. 1. Развлекува, шири. Се смее сосила, ја чепи устата. Ја чепи устата, како да се проѕева. 2. Крши нешто со ширење, развлекување. Пресечи го гранчето, не го чепи. ● се ~ 1. Се двои, се крши со ширење. Тенки се гранките, не држат, се чепат. 2. (прен.) Се извлекува од негде, крадешкум се движи. Нога за нога се чепам од дворот. ‖ глаг. им. чепење ср.