чепка
Значење на чепка:
1. За птица ‒ со нозете, со клунот растребува, бара храна. Кокошките чепкаа на селското буниште. Пилињата чепкаа по дворот.
2. а) Фаќа, допира по малку, во ограничена мера. Детето постојано ги чепкаше книгите на постариот брат. Не чепкај тука, ќе растуриш сè. Отсутно ја чепка брадичката. б) (прен.) Зема, јаде по малку. Тој само чепна од храната и ја остави полна чинијата.
3. Со чепкалка отстранува храна од заби; буричка во нос и сл. Некои од гостите непристојно чепкаа заби. Чепка нос.
4. Со раце отстранува, извлекува нечистотија од необработена волна, памук и сл. Во долгите зимски ноќи бабата чепкаше волна. Таа сама ја переше волната, ја чепкаше, ја влачеше и ја предеше.
5. (прен., разг.) Буди лоши спомени, копа по нешто одминато, се присетува, преиспитува нешто од минатото. Не чепкај во старите рани, многу болат. Чепка по нејзиното минато.
Коњугација: чепкаат.
Изведени зборови:
- се ~ чепка, Кон зн. 2. а) и 3. Се чепка по лицето.
- чепкање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Не чепкај мечка со сламка ‒ не бори се против непријателот со несоодветно оружје.
Оригинални податоци:
чепка, чепкаат несв. 1. За птица ‒ со нозете, со клунот растребува, бара храна. Кокошките чепкаа на селското буниште. Пилињата чепкаа по дворот. 2. а) Фаќа, допира по малку, во ограничена мера. Детето постојано ги чепкаше книгите на постариот брат. Не чепкај тука, ќе растуриш сè. Отсутно ја чепка брадичката. б) (прен.) Зема, јаде по малку. Тој само чепна од храната и ја остави полна чинијата. 3. Со чепкалка отстранува храна од заби; буричка во нос и сл. Некои од гостите непристојно чепкаа заби. Чепка нос. 4. Со раце отстранува, извлекува нечистотија од необработена волна, памук и сл. Во долгите зимски ноќи бабата чепкаше волна. Таа сама ја переше волната, ја чепкаше, ја влачеше и ја предеше. 5. (прен., разг.) Буди лоши спомени, копа по нешто одминато, се присетува, преиспитува нешто од минатото. Не чепкај во старите рани, многу болат. Чепка по нејзиното минато. ● се ~ Кон зн. 2. а) и 3. Се чепка по лицето. ◊ Не чепкај мечка со сламка ‒ не бори се против непријателот со несоодветно оружје. ‖ глаг. им. чепкање ср.