чесен 2
Значење на чесен:
1. За човек ‒ што е морално исправен; исправен 3, поштен. Чесен човек. Неговите родители беа од чесни, почесни. Чесни синови на родната земја.
2. Што е својствен за таков човек. Чесна душа. Чесни намери. Чесна работа. Чесна постапка. Неговата чесна природа не му дозволувала да постапи поинаку.
3. (разг.) За девојка ‒ што немала сексуални односи; девствена. Девојката била чесна кога ја зел за жена.
Членувана форма: чесниот.
Изведени зборови:
- чесно, прил. Живееше чесно и така и си умре.
- чесност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Чесен збор ‒ при нагласување за вистинитоста на исказот.
Оригинални податоци:
чесен2, чесниот прид. 1. За човек ‒ што е морално исправен; исправен 3, поштен. Чесен човек. Неговите родители беа од чесни, почесни. Чесни синови на родната земја. 2. Што е својствен за таков човек. Чесна душа. Чесни намери. Чесна работа. Чесна постапка. Неговата чесна природа не му дозволувала да постапи поинаку. 3. (разг.) За девојка ‒ што немала сексуални односи; девствена. Девојката била чесна кога ја зел за жена. ◊ Чесен збор ‒ при нагласување за вистинитоста на исказот. ‖ чесно прил. Живееше чесно и така и си умре. ‖ чесност ж.