чеша

Глагол, несвршен

Значење на чеша:

1. Гребе, драска со нокти, поминува по површината од кожата за да го намали чувството на јадеж. Старецот ја извади капата и долго ја чешаше главата.

2. Чувствува јадеж; јаде 5. Го чешаше целата снага.

Коњугација: чешаат.

Изведени зборови:

  • се ~ чеша, 1. Се гребе (себеси), драска за да го намали чувството на јадеж. Човекот се чешаше со прачка. Детето силно се чешаше од алергијата. 2. Заемно. Навечер, пред легнување децата се чешаа (едно со друго).
  • чешање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Си ги чешаат јазиците ‒ озборува. Се чеша кај што не го јаде ‒ сам си предизвикува непријатни ситуации.

Оригинални податоци:

чеша, чешаат несв. 1. Гребе, драска со нокти, поминува по површината од кожата за да го намали чувството на јадеж. Старецот ја извади капата и долго ја чешаше главата. 2. Чувствува јадеж; сп. јаде 5. Го чешаше целата снага. ● се ~ 1. Се гребе (себеси), драска за да го намали чувството на јадеж. Човекот се чешаше со прачка. Детето силно се чешаше од алергијата. 2. Заемно. Навечер, пред легнување децата се чешаа (едно со друго). ◊ Си ги чешаат јазиците ‒ озборува. Се чеша кај што не го јаде ‒ сам си предизвикува непријатни ситуации. ‖ глаг. им. чешање ср.