чешла
Значење на чешла:
1. Со помош на чешел или четка средува коса, брада, мустаќи. Таа ја чешла косата на патец. Малото девојче грижливо ја чешлаше косата со четка. Ја чешлаше брадата пред излегување од дома.
2. (прен.) Темелно разгледува некој терен, прегледува печатен или друг материјал, претресува нешто. Полицијата го чешла теренот во потрага по убиецот. Темелно ќе се чешла документацијата за тој случај.
Коњугација: чешлаат.
Изведени зборови:
- се ~ чешла, а) Си средува коса, брада, мустаки себеси. Девојчето сама се чешла и си прави мали плетенчиња. б) Средува со чешел коса, брада, мустаки еден со друг, заемно. Девојките се чешлаа една со друга и си правеа фризури.
- чешлање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Село(то) гори, баба(та) се чешла / Плен се плени, баба се чешла ‒ се случуваат сериозни работи, а тој се занимава со нешто сосема споредно и неважно.
Оригинални податоци:
чешла, чешлаат несв. 1. Со помош на чешел или четка средува коса, брада, мустаќи. Таа ја чешла косата на патец. Малото девојче грижливо ја чешлаше косата со четка. Ја чешлаше брадата пред излегување од дома. 2. (прен.) Темелно разгледува некој терен, прегледува печатен или друг материјал, претресува нешто. Полицијата го чешла теренот во потрага по убиецот. Темелно ќе се чешла документацијата за тој случај. ● се ~ а) Си средува коса, брада, мустаки себеси. Девојчето сама се чешла и си прави мали плетенчиња. б) Средува со чешел коса, брада, мустаки еден со друг, заемно. Девојките се чешлаа една со друга и си правеа фризури. ◊ Село(то) гори, баба(та) се чешла / Плен се плени, баба се чешла ‒ се случуваат сериозни работи, а тој се занимава со нешто сосема споредно и неважно. ‖ глаг. им. чешлање ср.