чешне 1
Значење на чешне:
1. Почеша кратко, сосем малку некого. Го чешна детето да се разбуди.
2. Допре, гибне сосем малку. Со опинокот чешна некаков камен и тој се стркала. Лактот нејзин ја чешна неговата рака и него морници го полазија.
Коњугација: чешнаа , чешнав , чешнал , чешнат, чешнат , чешнеа , чешнев , чешнел , чешнет , чешнете , чешни .
Изведени зборови:
- се ~ чешне, кон зн. 1 и 2.
- (се) чешнува, глаг. повт. (се) чешнуваат
- чешнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
чешне1, чешнат; чешни, чешнете; чешнев, чешнеа; чешнел; чешнет; чешнав, чешнаа; чешнал; чешнат св. 1. Почеша кратко, сосем малку некого. Го чешна детето да се разбуди. 2. Допре, гибне сосем малку. Со опинокот чешна некаков камен и тој се стркала. Лактот нејзин ја чешна неговата рака и него морници го полазија. ● се ~ кон зн. 1 и 2. ‖ (се) чешнува, (се) чешнуваат повт. ‖ глаг. им. чешнување ср.