чест
Значење на чест:
1. Што се повторува, што се случува, се извршува многупати едно по друго, многукратно. Честа појава. Чести посети. Честа употреба. Чести дождови. Чест посетител.
2. Што е густ, што е близу еден до друг. Честа дабова шума. Чести ѕвезди на северното небо.
Изведени зборови:
- често, прил. Одел често кај него на дуќан. Често сонувам како летам. Тоа често се повторува.
Фразеолошки израз / поговорка:
Често пати ‒ сп. честопати.
Оригинални податоци:
чест, честиот прид. 1. Што се повторува, што се случува, се извршува многупати едно по друго, многукратно. Честа појава. Чести посети. Честа употреба. Чести дождови. Чест посетител. 2. Што е густ, што е близу еден до друг. Честа дабова шума. Чести ѕвезди на северното небо. ‖ често прил. Одел често кај него на дуќан. Често сонувам како летам. Тоа често се повторува. ◊ Често пати ‒ сп. честопати.