чест

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на чест:

1. Целокупност од општествено обусловени востановени морални вредности што ги има човекот како поединец и како член на определена општествена заедница поврзани со неговото достоинство, со неговото добро име и углед во средината. Чува чест некому.

2. Почит, достоинство искажано кон некого. Направи чест некому. Честа со чест треба да ја вратиш. Оддаде чест. Како на кум ќе ти имаме чест.

3. Пројава на особено внимание, почит, признание. Тоа за мене е голема чест. Тоа ми прави чест.

4. Славење, прославување. Во чест на некого. Во чест на празникот. Во чест на гостинот.

5. Девственост, чест на девојка. Девојката ја чува својата чест. На девојката ѝ ја зедоа честа.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чест да немам (ако те лажам) ‒ заколнување во вистинитоста на исказот. Част и чест на некого ‒ сп. част. Чест секому, вересија никому ‒ чест правам секому, а вересија не давам никому бидејќи вересијата тешко се наплатува. Гази на честа некому ‒ понижува некого. Му прави чест ‒ почитува некого. Нека ти служи на чест! ‒ срам да тие е! Имам чест / чест ми е ‒ воведна формула при претставување некого, поздравување, покана и сл. Знае ред и чест ‒ знае како треба. Секоја ти (му..) чест ‒ браво, одлично! Суд на честа ‒ колегијално избрано тело, обично во сталешка, професионална организација и сл. кое расправа и ги осудува нелојалните постапки на членовите на организацијата.

Оригинални податоци:

чест, честа (само едн.) ж. 1. Целокупност од општествено обусловени востановени морални вредности што ги има човекот како поединец и како член на определена општествена заедница поврзани со неговото достоинство, со неговото добро име и углед во средината. Чува чест некому. 2. Почит, достоинство искажано кон некого. Направи чест некому. Честа со чест треба да ја вратиш. Оддаде чест. Како на кум ќе ти имаме чест. 3. Пројава на особено внимание, почит, признание. Тоа за мене е голема чест. Тоа ми прави чест. 4. Славење, прославување. Во чест на некого. Во чест на празникот. Во чест на гостинот. 5. Девственост, чест на девојка. Девојката ја чува својата чест. На девојката ѝ ја зедоа честа. ◊ Чест да немам (ако те лажам) ‒ заколнување во вистинитоста на исказот. Част и чест на некого ‒ сп. част. Чест секому, вересија никому ‒ чест правам секому, а вересија не давам никому бидејќи вересијата тешко се наплатува. Гази на честа некому ‒ понижува некого. Му прави чест ‒ почитува некого. Нека ти служи на чест! ‒ срам да тие е! Имам чест / чест ми е ‒ воведна формула при претставување некого, поздравување, покана и сл. Знае ред и чест ‒ знае како треба. Секоја ти (му..) чест ‒ браво, одлично! Суд на честа ‒ колегијално избрано тело, обично во сталешка, професионална организација и сл. кое расправа и ги осудува нелојалните постапки на членовите на организацијата.