чести
Значење на чести:
1. Послужува некого со нешто, нагостува. Тој нè честеше ручек. Таа честеше за станот.
2. Плаќа во друштво. Тој ме честеше кафе.
3. Укажува, прави некому чест. Луѓето го честеа свештеникот и надвор од божјата служба.
Коњугација: честат.
Изведени зборови:
- се ~ чести, Заемно се послужува со нешто, плаќа еден на друг. Една ноќ двајцата пријатели се честеа до зори.
- честење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
чести, честат несв. 1. Послужува некого со нешто, нагостува. Тој нè честеше ручек. Таа честеше за станот. 2. Плаќа во друштво. Тој ме честеше кафе. 3. Укажува, прави некому чест. Луѓето го честеа свештеникот и надвор од божјата служба. ● се ~ Заемно се послужува со нешто, плаќа еден на друг. Една ноќ двајцата пријатели се честеа до зори. ‖ глаг. им. честење ср.