чета
Значење на чета:
1. (воен.) Основна воена единица која влегува во состав на баталјон. Првата чета беше построена. Една чета тргна во напад. Ударна чета.
2. (прен.) Помала единица во работна бригада. Нашата чета беше распоредена на расчистување на урнатините.
3. (истор.) Група вооружени луѓе; востаници. Востаничка чета. Чета доброволци.
Множина: чети.
Оригинални податоци:
чета, мн. чети ж. 1. (воен.) Основна воена единица која влегува во состав на баталјон. Првата чета беше построена. Една чета тргна во напад. Ударна чета. 2. (прен.) Помала единица во работна бригада. Нашата чета беше распоредена на расчистување на урнатините. 3. (истор.) Група вооружени луѓе; востаници. Востаничка чета. Чета доброволци.