четири

Број

Значење на четири:

1. Основен број поголем за една единица од три, помал за една единица од пет, се бележи со бројката 4. Четири години. Четири страни на светот. Четири дена.

2. Означува приближна вредност во спој со броевите три, пет. Четири-пет скалила. Три-четири овци.

Членувана форма: четирите.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ги дигна (крена) сите четири во воздух ‒ не работи ништо. Во четири очи ‒ в. око. Отвори четири очи ‒ биди внимателен, претпазлив. На сите четири страни ‒ в. страна. Затворен во четири ѕида ‒ в. ѕид. На четири тркала ‒ во автомобил. Јасно како две и две четири ‒ многу јасно.

Оригинални податоци:

четири, четирите бр. 1. Основен број поголем за една единица од три, помал за една единица од пет, се бележи со бројката 4. Четири години. Четири страни на светот. Четири дена. 2. Означува приближна вредност во спој со броевите три, пет. Четири-пет скалила. Три-четири овци. ◊ Ги дигна (крена) сите четири во воздух ‒ не работи ништо. Во четири очи ‒ в. око. Отвори четири очи ‒ биди внимателен, претпазлив. На сите четири страни ‒ в. страна. Затворен во четири ѕида ‒ в. ѕид. На четири тркала ‒ во автомобил. Јасно како две и две четири ‒ многу јасно.