четка

Именка, женски род

Значење на четка:

1. Направа за чистење, четкање, рибање и др., направена од цврста подлога (дрвена, пластична, коскена и сл.) во која се прицврстени влакна, природни или вештачки или нешто слично на тоа. Четка за чевли. Четка за алишта. Четка за заби.

2. Направа слична на четката за чистење со различни намени: за четкање коса, боење, варосување и др. Четка за коса. Сликарска четка.

Множина: четки.

Изведени зборови:

  • четкичка, и. ж. мн. четкички ; четче, мн. четчиња ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Удира четки (некому) ‒ (жарг.) мами, залажува некого, угодува, се додворува, ласка некому за да го придобие.

Оригинални податоци:

четка, мн. четки ж. 1. Направа за чистење, четкање, рибање и др., направена од цврста подлога (дрвена, пластична, коскена и сл.) во која се прицврстени влакна, природни или вештачки или нешто слично на тоа. Четка за чевли. Четка за алишта. Четка за заби. 2. Направа слична на четката за чистење со различни намени: за четкање коса, боење, варосување и др. Четка за коса. Сликарска четка. ◊ Удира четки (некому) ‒ (жарг.) мами, залажува некого, угодува, се додворува, ласка некому за да го придобие. ‖ четкичка, мн. четкички ж.; четче, мн. четчиња ср. дем.