четник
Историја.
Значење на четник:
1. Учесник во борбите за национално ослободување од османлиската власт; комита. Првин учествувал во борбите како четник, а потоа и како војвода.
2. Во времето на Втората светска војна ‒ припадник на српските монархистички воени единици.
Множина: четници.
Изведени зборови:
- четнички, прид. четничкиот Четнички штаб. Четнички командант.
Оригинални податоци:
четник, мн. четници м. (истор.) 1. Учесник во борбите за национално ослободување од османлиската власт; комита. Првин учествувал во борбите како четник, а потоа и како војвода. 2. Во времето на Втората светска војна ‒ припадник на српските монархистички воени единици. ‖ четнички, четничкиот прид. Четнички штаб. Четнички командант.