четворен
Значење на четворен:
1. Што е четирипати поголем. За тоа платил четворна цена.
2. Што се состои од четири еднакви делови, што е во четири ката, четири нитки, четири слоја и сл. Четворен конец. Четворен јазол. Четворна запрега. Четворно ткаени килими.
3. (прен.) Што е густ, многукратен; лит. Четворен цвет. Четворен трендафил.
4. Што е составен од четворица, од четири единки. Четворен сојуз. Четворни окупатори.
Членувана форма: четворниот.
Изведени зборови:
- четворно, прил. Кон зн. 1. Плати тројно и четворно, само да се спаси. Купуваме четворно поскапо.
Фразеолошки израз / поговорка:
Четворен маж ‒ силен, снажен, развиен маж.
Оригинални податоци:
четворен, четворниот прид. 1. Што е четирипати поголем. За тоа платил четворна цена. 2. Што се состои од четири еднакви делови, што е во четири ката, четири нитки, четири слоја и сл. Четворен конец. Четворен јазол. Четворна запрега. Четворно ткаени килими. 3. (прен.) Што е густ, многукратен; спрот. лит. Четворен цвет. Четворен трендафил. 4. Што е составен од четворица, од четири единки. Четворен сојуз. Четворни окупатори. ◊ Четворен маж ‒ силен, снажен, развиен маж. ‖ четворно прил. Кон зн. 1. Плати тројно и четворно, само да се спаси. Купуваме четворно поскапо.