четворка
Значење на четворка:
1. Бројката 4.
2. Како училишна оценка. Доби четворка по математика.
3. Карта за играње со четири знаци. Црна четворка. Четворка баклава.
4. а) Група од четворица. Ударни четворки напаѓаа од две страни. б) Запрега од четири коњи. Четворката јуреше низ степата.
5. Тоа што е означено со бројот 4. Се вози со четворка.
6. а) Четири деца при едно породување. б) Кај животните ‒ четири единки од едно породување. Мачката омачи четворка.
7. (муз.) Народен музички инструмент, вид двогласна тамбура со четири струни.
Множина: четворки.
Оригинални податоци:
четворка, мн. четворки ж. 1. Бројката 4. 2. Како училишна оценка. Доби четворка по математика. 3. Карта за играње со четири знаци. Црна четворка. Четворка баклава. 4. а) Група од четворица. Ударни четворки напаѓаа од две страни. б) Запрега од четири коњи. Четворката јуреше низ степата. 5. Тоа што е означено со бројот 4. Се вози со четворка. 6. а) Четири деца при едно породување. б) Кај животните ‒ четири единки од едно породување. Мачката омачи четворка. 7. (муз.) Народен музички инструмент, вид двогласна тамбура со четири струни.