четврт

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на четврт:

1. Една четвртина од килограм (самостојно или со броевите еден и три). Четврт килограм брашно.

2. а) Четврти дел од целото; четвртина. Четврт бурек. б) Четвртина од еден час, век и сл. Точно во четврт до осум ќе се најдеме на плоштадот. Четврт век ги дели овие два настана.

3. (книж.) Дел од град во некои земји. Градска четврт.

Фразеолошки израз / поговорка:

Академска четврт ‒ 1. учтиво извинување за започнување на час од страна на универзитетски професор подоцна, но не повеќе од 15 мин. 2. време што се остава да помине пред да се започне со час, промоција и сл. со цел да дојдат и тие што задоцниле, најмногу до 15 мин.

Оригинални податоци:

четврт (само едн.) м. 1. Една четвртина од килограм (самостојно или со броевите еден и три). Четврт килограм брашно. 2. а) Четврти дел од целото; четвртина. Четврт бурек. б) Четвртина од еден час, век и сл. Точно во четврт до осум ќе се најдеме на плоштадот. Четврт век ги дели овие два настана. 3. (книж.) Дел од град во некои земји. Градска четврт. ◊ Академска четврт ‒ 1. учтиво извинување за започнување на час од страна на универзитетски професор подоцна, но не повеќе од 15 мин. 2. време што се остава да помине пред да се започне со час, промоција и сл. со цел да дојдат и тие што задоцниле, најмногу до 15 мин.