чичко
Значење на чичко:
1. Брат на таткото, стрико. Дојде чичко ми и ни донесе ореви. Нејзините чичковци се согласија со поделбата.
2. Во состав со лично име во обраќање кон постар човек. Чичко Петре. Чичко Столе.
3. Воопшто постар човек. Чичкото што продава тука си заминал. На портирот му се обраќаа со чичко.
Множина: чичковци.
Оригинални податоци:
чичко, мн. чичковци м. 1. Брат на таткото, стрико. Дојде чичко ми и ни донесе ореви. Нејзините чичковци се согласија со поделбата. 2. Во состав со лично име во обраќање кон постар човек. Чичко Петре. Чичко Столе. 3. Воопшто постар човек. Чичкото што продава тука си заминал. На портирот му се обраќаа со чичко.