чифт
Значење на чифт:
1. а) Два еднакви предмета што одат во пар, што се носат, што се употребуваат заедно и истовремено за иста намена (чевли, чорапи, влечки, чизми, ракавици и др.); пар, рало. б) Дел од облеката што има два еднакви дела (панталони, гаќи и др.).
2. Тоа што се продава, што се брои, што оди во пар. Пет чифта јајца. Два чифта обетки. Чифт промена.
3. Две еднородни животни како двојка за парење или за работа. Тргнале сите животинки чифт по чифт да влегуваат во коработ. Чифт волови за орање. Колата ја влечеле два чифта коњи.
4. Дел од телото што оди во пар. Два чифта зелени очи ѕиркаа под покривката. Чифт детски ножиња тупкаа покрај него.
5. Парен број; тек.
Множина: чифта, чифтови.
Оригинални податоци:
чифт, мн. чифтови, избр. мн. чифта м. 1. а) Два еднакви предмета што одат во пар, што се носат, што се употребуваат заедно и истовремено за иста намена (чевли, чорапи, влечки, чизми, ракавици и др.); пар, рало. б) Дел од облеката што има два еднакви дела (панталони, гаќи и др.). 2. Тоа што се продава, што се брои, што оди во пар. Пет чифта јајца. Два чифта обетки. Чифт промена. 3. Две еднородни животни како двојка за парење или за работа. Тргнале сите животинки чифт по чифт да влегуваат во коработ. Чифт волови за орање. Колата ја влечеле два чифта коњи. 4. Дел од телото што оди во пар. Два чифта зелени очи ѕиркаа под покривката. Чифт детски ножиња тупкаа покрај него. 5. Парен број; спрот. тек.