чифте
Значење на чифте:
1. Вид ловечка пушка со две цевки; двоцевка. Го зеде чифтето и отиде на лов.
2. Удар, клоца истовремено со задните нозе на товарно животно. Маската му удрила неколку чифтиња.
Множина: чифтиња.
Фразеолошки израз / поговорка:
Фрла чифтиња ‒ дава отпор, не се предава.
Оригинални податоци:
чифте, мн. чифтиња ср. 1. Вид ловечка пушка со две цевки; двоцевка. Го зеде чифтето и отиде на лов. 2. Удар, клоца истовремено со задните нозе на товарно животно. Маската му удрила неколку чифтиња. ◊ Фрла чифтиња ‒ дава отпор, не се предава.