чиј 1

Заменка

Значење на чиј:

1. Придавска заменка со која се искажува припадност кон нешто или кон некого. Никој не знае чие е детето. Девојката чиј глас се слуша е мојата најмала сестра.

2. Во прашални реченици за да се определи припадност кон некого или кон нешто, кому му припаѓа. Чие е ова дете? Чија е оваа песна? 3. Во составот на релативната именска и придавска заменка што: чијшто, чијашто, чиешто, чиишто; што се однесува на некого, што му припаѓа некому. 4. Заедно со годе: чиј-годе; што му припаѓа на кого било, некому неважно и неопределено. Чиј-годе син. Чија-годе куќа.

3. Како сврз. За односно надоврзување, упатувајќи на припадност кон дел или кон целата главна реченица. Дојде пејачот чии песни ме развеселуваат.

Множина: чии.

Алтернативно: чие чија

Оригинални податоци:

чиј1, чија, чие, мн. чии зам. 1. Придавска заменка со која се искажува припадност кон нешто или кон некого. Никој не знае чие е детето. Девојката чиј глас се слуша е мојата најмала сестра. 2. Во прашални реченици за да се определи припадност кон некого или кон нешто, кому му припаѓа. Чие е ова дете? Чија е оваа песна? 3. Во составот на релативната именска и придавска заменка што: чијшто, чијашто, чиешто, чиишто; што се однесува на некого, што му припаѓа некому. 4. Заедно со годе: чиј-годе; што му припаѓа на кого било, некому неважно и неопределено. Чиј-годе син. Чија-годе куќа. 5. Како сврз. За односно надоврзување, упатувајќи на припадност кон дел или кон целата главна реченица. Дојде пејачот чии песни ме развеселуваат.