чин

Именка, машки род

Значење на чин:

1. Тоа што е направено, резултат од дејство. Чин на добра волја. Визионерски чин.

2. Обично во службена положба на воени лица ‒ ранг во воена служба. По чин беше капетан. Му дадоа чин мајор.

3. (литер.) Во театар ‒ дел, акт од драмско дело кој претставува тематска и драматуршка целина. Драма во четири чина.

4. (само едн.) Во црковната служба ‒ обред што се врши по строго утврден ред. Чинот на осветување на храмот го изврши владиката.

Множина: чинови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стави некого пред свршен чин ‒ направи нешто без претходна консултација и согласност.

Оригинални податоци:

чин, мн. чинови м. 1. Тоа што е направено, резултат од дејство. Чин на добра волја. Визионерски чин. 2. Обично во службена положба на воени лица ‒ ранг во воена служба. По чин беше капетан. Му дадоа чин мајор. 3. (литер.) Во театар ‒ дел, акт од драмско дело кој претставува тематска и драматуршка целина. Драма во четири чина. 4. (само едн.) Во црковната служба ‒ обред што се врши по строго утврден ред. Чинот на осветување на храмот го изврши владиката. ◊ Стави некого пред свршен чин ‒ направи нешто без претходна консултација и согласност.