чини

Глагол, несвршен

Значење на чини:

1. За производ на трудот ‒ има определена цена, вреди во пари. Колку чини фустанот? Секирата чинела најмногу десет гроша.

2. Има вредност воопшто. а) Бара многу трошоци, средства; одзема многу време, сили и сл. Студиите во странство чинат многу. Изненадувањата во животот скапо ме чинеа. б) Е корисен, олеснува, овозможува нешто. Колку чини што ми е блиску работата. Спокојството на човекот многу чини.

3. Прави нешто, врши некаква работа. Волшебниците чинеа чудесии. Добри дела чини, добро да те најде. Добро чиниш што стоиш настрана од политиката.

4. Доведува до нешто, до некаква последица. Годините си го чинат своето, остаревме веќе.

5. (фолк.) Стане, биде некој нешто; преправи, престори во нешто. Ќе го чинам синот даскал во селово. Чини ме, Боже, едно пиле.

6. Е добар, квалитетен, задоволува определени критериуми; лош 2. Одбери нешто што чини. Кога е човек гладен, сè му чини. Тоа не чини, фрли го.

7. безл. Одговара, е по желба некому. а) Како ми чини, така ќе правам. Не ти чини уште со аџамиски очи да гледаш на веков. б) Обично со негација. Не чини да се караш со другарчињата. Не ти чини што пцуеш.

8. Ми (ти, му..) Одговара, е по мерка, се допаѓа. Ако ти чини, купи го. Не му чини, му е преголемо.

9. Се причинува, смета, мисли. Главата ја чувствувам тешка, ако ја завртам, чинам ќе ми падне. Скришум ги гледам луѓето: чинам се двоумат. Чинам, солзи му го навлажнија потемнетото лице.

10. Има погрешна претстава за некого или за нешто. Сите го чинат сиромав, ама тој може да ги купи. Го чинеа мирен, кроток, ама не било така. Чинев ја кажува вистината, а тој ме лажел. 1Како модален збор за изразување согласност: добро, во ред, може, важи. Утре уште рано поаѓаме. ‒ Чини. Земи повеќе луѓе! ‒ Чини, само ако најдам. Нека дојде и тој. ‒ Чини, ако сака? 12. Во конструкции со императивна форма и св. глагол означува повторливост на дејството. Чини погледни го и насмевни му се. Чинеше земи ја книгата, прочитај некој ред и остави ја.

Коњугација: чинат.

Изведени зборови:

  • се ~ чини, безл. Кон зн. 9. Ми се чини дека и тој се плаши од разделба. Светот ни се чинеше дека е безмерно голем. Сега е сè убаво и ви се чини дека е секогаш така. Се чини дека ситуацијата донекаде се смири. Се чини дека ќе се расипе времето.
  • чинење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чини измет ‒ помага, служи, двори. Чини резил ‒ посрами (пред други), кара, прекорува. Чини лаф ‒ зборува, договара. Чини гајрет ‒ се труди, се мачи; издржува. Чини алал ‒ простува.

Оригинални податоци:

чини, чинат несв. 1. За производ на трудот ‒ има определена цена, вреди во пари. Колку чини фустанот? Секирата чинела најмногу десет гроша. 2. Има вредност воопшто. а) Бара многу трошоци, средства; одзема многу време, сили и сл. Студиите во странство чинат многу. Изненадувањата во животот скапо ме чинеа. б) Е корисен, олеснува, овозможува нешто. Колку чини што ми е блиску работата. Спокојството на човекот многу чини. 3. Прави нешто, врши некаква работа. Волшебниците чинеа чудесии. Добри дела чини, добро да те најде. Добро чиниш што стоиш настрана од политиката. 4. Доведува до нешто, до некаква последица. Годините си го чинат своето, остаревме веќе. 5. (фолк.) Стане, биде некој нешто; преправи, престори во нешто. Ќе го чинам синот даскал во селово. Чини ме, Боже, едно пиле. 6. Е добар, квалитетен, задоволува определени критериуми; сп. лош 2. Одбери нешто што чини. Кога е човек гладен, сè му чини. Тоа не чини, фрли го. 7. безл. Одговара, е по желба некому. а) Како ми чини, така ќе правам. Не ти чини уште со аџамиски очи да гледаш на веков. б) Обично со негација. Не чини да се караш со другарчињата. Не ти чини што пцуеш. 8. Ми (ти, му..) Одговара, е по мерка, се допаѓа. Ако ти чини, купи го. Не му чини, му е преголемо. 9. Се причинува, смета, мисли. Главата ја чувствувам тешка, ако ја завртам, чинам ќе ми падне. Скришум ги гледам луѓето: чинам се двоумат. Чинам, солзи му го навлажнија потемнетото лице. 10. Има погрешна претстава за некого или за нешто. Сите го чинат сиромав, ама тој може да ги купи. Го чинеа мирен, кроток, ама не било така. Чинев ја кажува вистината, а тој ме лажел. 11. Како модален збор за изразување согласност: добро, во ред, може, важи. Утре уште рано поаѓаме. ‒ Чини. Земи повеќе луѓе! ‒ Чини, само ако најдам. Нека дојде и тој. ‒ Чини, ако сака? 12. Во конструкции со императивна форма и св. глагол означува повторливост на дејството. Чини погледни го и насмевни му се. Чинеше земи ја книгата, прочитај некој ред и остави ја. ● се ~ безл. Кон зн. 9. Ми се чини дека и тој се плаши од разделба. Светот ни се чинеше дека е безмерно голем. Сега е сè убаво и ви се чини дека е секогаш така. Се чини дека ситуацијата донекаде се смири. Се чини дека ќе се расипе времето. ◊ Чини измет ‒ помага, служи, двори. Чини резил ‒ посрами (пред други), кара, прекорува. Чини лаф ‒ зборува, договара. Чини гајрет ‒ се труди, се мачи; издржува. Чини алал ‒ простува. ‖ глаг. им. чинење ср.