чинија

Именка, женски род

Значење на чинија:

1. Сад за јадење од порцелан, бронза, стакло, пластика и др. Порцеланска чинија. Стаклена чинија.

2. Количество јадење што обично се става во таков сад. Една чинија супа. Гладниот ќе изеде две чинии.

Множина: чинии.

Изведени зборови:

  • чинијка, и. ср. мн. чинијки ж; чиниче, мн. чиничиња дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не плукај во чинијата во која си јадел ‒ не прави лошо таму каде што си го вадиш лебот. Летечка чинија ‒ неидентификуван летечки објект од вонземско потекло.

Оригинални податоци:

чинија, мн. чинии ж. 1. Сад за јадење од порцелан, бронза, стакло, пластика и др. Порцеланска чинија. Стаклена чинија. 2. Количество јадење што обично се става во таков сад. Една чинија супа. Гладниот ќе изеде две чинии. ◊ Не плукај во чинијата во која си јадел ‒ не прави лошо таму каде што си го вадиш лебот. Летечка чинија ‒ неидентификуван летечки објект од вонземско потекло. ‖ чинијка, мн. чинијки ж; чиниче, мн. чиничиња ср. дем.