чист

Придавка

Значење на чист:

1. Што не е валкан, што не е загаден; нечист, валкан, загаден. Чиста крпа. Чисти чевли. Чиста куќа. Чиста вода. Чиста униформа.

2. Што се носи чиста облека или ја сака чистотата и одржува чисто. Чиста жена. Чисто дете.

3. а) Што е без други примеси. Чисто злато. Чист метал. Чиста свила. б) Што не е мешан по крвно сродство, по род, раса и сл. Чист Македонец. Чист Влав. Чиста раса. в) За науката и одделни нејзини гранки ‒ што е од една научна област. Чиста филозофија. Чиста математика.

4. Што не е со нарушен изглед, што не е прекриен со нешто што го расипува изгледот, впечатокот. Чисто лице. Чисто небо без облаци.

5. За глас, звук и сл. ‒ јасен, што звучи јасно, без грешки, правилно, коректно. Чист и мелодичен глас. Чист изговор. Чист литературен јазик. Чисти и јасни тонови.

6. Што е во ред, како што треба. Чиста сметка. Од чиста работа поарно нема.

7. За добивка, загуба и сл. ‒ што останува откако ќе се одбијат расходите, односно приходите. Чиста печалба. Чист зијан. Чист приход.

8. (прен.) Во морален поглед ‒ што е без грев, без грешка, порок и сл. Чиста совест. Од таа работа тој излезе чист. Тој е морално чист.

9. (прен.) Вистински, прав, неприкосновен. Чиста љубов. Тоа е чиста лага. Чиста клевета.

Членувана форма: чистиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чисто брашно ‒ пченично брашно. Чист леб ‒ леб од пченично брашно. Чиста риба ‒ високо квалитетна риба, риба без многу коски, пастрмка. За чисто и мешано брашно ‒ в. брашно. Човек со чисто срце ‒ в. срце. Чиста душа ‒ морално чист човек. Чист понеделник ‒ првиот понеделник на велигденските пости. Со чисти раце ‒ чесно, без кражба, беа измама, мито и сл.

Оригинални податоци:

чист, чистиот прид. 1. Што не е валкан, што не е загаден; спрот. нечист, валкан, загаден. Чиста крпа. Чисти чевли. Чиста куќа. Чиста вода. Чиста униформа. 2. Што се носи чиста облека или ја сака чистотата и одржува чисто. Чиста жена. Чисто дете. 3. а) Што е без други примеси. Чисто злато. Чист метал. Чиста свила. б) Што не е мешан по крвно сродство, по род, раса и сл. Чист Македонец. Чист Влав. Чиста раса. в) За науката и одделни нејзини гранки ‒ што е од една научна област. Чиста филозофија. Чиста математика. 4. Што не е со нарушен изглед, што не е прекриен со нешто што го расипува изгледот, впечатокот. Чисто лице. Чисто небо без облаци. 5. За глас, звук и сл. ‒ јасен, што звучи јасно, без грешки, правилно, коректно. Чист и мелодичен глас. Чист изговор. Чист литературен јазик. Чисти и јасни тонови. 6. Што е во ред, како што треба. Чиста сметка. Од чиста работа поарно нема. 7. За добивка, загуба и сл. ‒ што останува откако ќе се одбијат расходите, односно приходите. Чиста печалба. Чист зијан. Чист приход. 8. (прен.) Во морален поглед ‒ што е без грев, без грешка, порок и сл. Чиста совест. Од таа работа тој излезе чист. Тој е морално чист. 9. (прен.) Вистински, прав, неприкосновен. Чиста љубов. Тоа е чиста лага. Чиста клевета. ◊ Чисто брашно ‒ пченично брашно. Чист леб ‒ леб од пченично брашно. Чиста риба ‒ високо квалитетна риба, риба без многу коски, пастрмка. За чисто и мешано брашно ‒ в. брашно. Човек со чисто срце ‒ в. срце. Чиста душа ‒ морално чист човек. Чист понеделник ‒ првиот понеделник на велигденските пости. Со чисти раце ‒ чесно, без кражба, беа измама, мито и сл.