чистина

Именка, женски род

Значење на чистина:

1. Место без дрвја, полјанка во шума. На една чистина застанавме да се одмориме. На една чистина пасеше стадо овци.

2. Пошироко празно, чисто место без дрвја, клупи, автомобили и др. Излегоа на чистината пред куќите.

Множина: чистини.

Изведени зборови:

  • чистинка, и. ж. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ја изведе работата на чистина ‒ разјасни, расчисти, размрси нешто до крај.

Оригинални податоци:

чистина, мн. чистини ж. 1. Место без дрвја, полјанка во шума. На една чистина застанавме да се одмориме. На една чистина пасеше стадо овци. 2. Пошироко празно, чисто место без дрвја, клупи, автомобили и др. Излегоа на чистината пред куќите. ◊ Ја изведе работата на чистина ‒ разјасни, расчисти, размрси нешто до крај. ‖ чистинка, мн. чистинки ж. дем. и хип.